ВИДЕО | Пејачот Дејвид Бурк префрлен во строго чуван затвор — му се заканува доживотен затвор или смртна казна
Американскиот пејач Дејвид Бурк, познат како D4vd, неодамна осомничен за убиство на тинејџерка, е префрлен во Машкиот централен затвор во округот Лос Анџелес. Музичарот, беше уапсен во четвртокот поради поврзаност со смртта на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оваа недела тој е преместен и издвоен од општата популација во затворот поради високиот статус на неговото кривично дело, пренесува „Ти-ем-зи“.

Телото на 14-годишното девојче беше пронајдено во септември минатата година во автомобил регистриран на името на Бурк во Тексас. Истражителите имаа потешкотии при утврдувањето на причината за смртта поради напредната фаза на распаѓање на телото, но претходно овој месец случајот беше официјално прогласен за убиство.
Според сведочењата на семејството и пријателите, музичарот и Селесте наводно биле во романтична врска во моментот на нејзината смрт. Селесте последен пат била видена во пролетта 2024 година, кога го напуштила својот дом. Во времето на исчезнувањето таа имала само 13 години.
Тешки обвиненија
Против Берк се подигнати сериозни обвиненија, убиство од прв степен со посебни околности (заседа, убиство на сведок и убиство за финансиска корист), недолични дејствија со лице помладо од 14 години, како и сквернавење на човечки останки. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор без можност за условно ослободување, дури и смртна казна.

Пејачот тврди дека е невин
Берк се изјасни за невин пред судот, а неговите адвокати тврдат дека доказите ќе покажат дека тој не ја убил девојката.
Семејството на трагично починатата Селесте се огласи преку својот адвокат, заблагодарувајќи се на полицијата за напорната работа.
„Селесте беше прекрасна девојка која сакаше да пее и танцува. Сè што сакаме е правда за неа“, порачаа тие. Семејството требаше да одржи конференција за новинарите, но истата беше откажана бидејќи членовите на семејството биле премногу „скршени“ за да зборуваат во јавноста.
Американски пејач е уапсен под сомнение за убиство на тинејџерка која исчезна во 2024 година


