ВИДЕО | Повторно обединување на семејството Визли — ѕвездите на „Хари Потер“ прославуваат 25 години од првиот филм
Омиленото филмско семејство Визли повторно се собра на едно место за да одбележи голем јубилеј – 25 години од почетокот на снимањето на првиот дел од франшизата, „Хари Потер и Каменот на мудроста“. Актерите Бони Рајт (Џини), Џејмс и Оливер Фелпс (Фред и Џорџ) и Марк Вилијамс (Артур Визли) ги посетија оригиналните сетови во студиото на „Warner Bros.“ во Лондон, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
За актерите, кои ги толкуваа овие улоги во текот на десет години, од 2001 до 2011, враќањето во волшебниот свет беше како патување низ времето.
„Прекрасно е да се биде повторно со Бони и Марк. Се чувствувам како воопшто да не поминало време откако последен пат бевме заедно“, изјави 40-годишниот Оливер Фелпс. Марк Вилијамс (66), кој го глумеше таткото на многубројното семејство, додаде дека секогаш со задоволство му се враќа на овој свет.
Поводот за оваа средба е лансирањето на новата летна атракција во студиото, насловена „Првата година во Хогвортс – каде што започна филмската магија“. Изложбата ќе трае четири месеци започнувајќи од денес, 7 мај и ќе им овозможи на посетителите одблизу да видат каде се снимани сцените, како и просториите на домот Грифиндор.
Првиот филм за младиот волшебник беше пуштен во кината во 2001 година и веднаш стана филм со најголема заработка таа година. Истражувањата покажуваат дека сцената каде Хари кој го глуми Даниел Раклиф за првпат го среќава семејството Визли на платформата 9¾ сè уште е една од трите омилени сцени на фановите ширум светот.
Овој јубилеј е потсетник на приказната која маѓепса цели генерации и која, по 25 години, сè уште ја има истата привлечна моќ


