ВИДЕО | Поранешниот свекор на Северина сними бизарна песна и од срце му ја посвети на Новак Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм

Откако на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ (34) му беше забранет влез во Австралија бидејќи не се вакцинирал против коронавирусот, во Србија, но и во регионот, настана голем револт поради целата ситуација.

Но, и во случај на вакви настани ѝ нема крај на инспирацијата бидејќи српскиот пејач Драган Којиќ Кеба (61), поранешен свекор на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, песната му ја посвети на тенисерот кој е далеку од своето семејство за време на православните празници.


Кеба во својата песна ги спомнува „раните Исус Христос“, а го препознал и „мачеништвото на Новак Ѓоковиќ“. А, стиховите од песната на Кеба во оригинал одат вака:

„Овој живот не е мој живот
Кога сакаше, Господ ми го даде
Секој ден гради мостови
Сите наши рани се Христови
Мојот татко е Бог
Јас сум син на тој татко
Дај ни благодат
Од зло децата свои зачувајте ги…“

Семејството на Новак Ѓоковиќ веќе одржа неколку прес-конференции, но тие јавно не ја коментираа оваа песна.

„И Исус имаше проблем, сешто му правеа, но тој и понатаму живее во нас. Така е и со Ноле. Не му можат ништо! Тој е срцето на Србија, срцето на слободарскиот свет“, рече таткото на тенискиот ас, Срѓан Ѓоковиќ на еден од протестите, пред неколку стотици насобрани демонстранти кои скандираа „Ноле, Ноле““, објави „Вечерњи.хр“.

Мајката на Новак апелира: Мојот син не е убиец, криминалец… Немојте да го депортирате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот