ВИДЕО | Погледнете како изгледа еден од „најлудите“ мали станови во Токио: 1.000 долари месечно за застаклена тераса

Фото: Принтскрин / ТикТок

Јутјуберот Норм Накамура на своите профили на социјалните мрежи сподели како изгледа еден мал стан во Токио, кој всушност е само застаклена тераса.

На самиот почеток на едно од видеата тој рече дека ова е еден од „најлудите“ станови што ги видел во Токио, кој  скапо се издава со оглед на тоа што добивате за парите.

Се чини дека околниот простор околу тесните и прилично клаустрофобни скалила е всушност застаклен и тој простор на балконот се издава за 1.000 долари месечно по кат.

Накамура покажа дека станот (ако може така да се нарече) има ВЦ школка, на еден од ѕидовите е поставен мијалник и електричен панел, а одоздола има клима. Има и машина за перење, а на подот се наоѓаат штекери.

Надворешните ѕидови на станот се изработени од стакло, а можно е и спуштање на ролетните за да се добие приватност во делот што го претставува тоалетот, каде што се наоѓа и кадата.

Исто така, во станот нема друг мебел и самиот Норм се чудел како некој може да спие таму. Тој измери и дека од ѕид до ѕид има само 90 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот