фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

ВИДЕО | Пјер-Емерик Обамејанг официјално се врати во Олимпик Марсеј

Пјер-Емерик Обамејанг ќе игра за францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј по втор пат во својата кариера.

Со овој трансфер тој се враќа во Марсеј по одличниот период во сезоната 2023/24, во кој постигна 30 гола и имаше 11 асистенции во само 51 меч во сите натпреварувања.

Габонскиот фудбалер потпиша двегодишен договор со Марсеј, со половина од платата што ја заработуваше во Саудиска Арабија.

Со доаѓањето на Обамејанг, Марсеј го заврши преодниот рок. Габонецот сигурно ќе придонесе за подобрата офанзивна постава на тимот, каде што ќе има поддршка во лицето на поранешниот играч на Манчестер унајтед, Мејсон Гринвуд.

Значи, Обамејанг повторно ќе игра во Франција, каде што ги направи своите први фудбалски чекори.

Со Борусија Дортмунд ги освојуваше Купот и Суперкупот на Германија, со Арсенал ФА купот и ФА Комјунити Шилд, со „топџиите“ беше и финалист во Лига Европа, а со Барселона дојде до титулата во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот