ВИДЕО | Пијан гостин фрла торта на младенците: Погледнете ја реакцијата на младоженецот

Фото: Принтскрин - Твитер

Еден од омилените моменти на секоја свадбена прослава е дегустацијата на свадбената торта. Целата церемонија која следува после вечерата, внесувањето на тортата во салата, нејзиното сечење и делење се забавни и интересни за гостите.

На социјалните мрежи се шири вирално видео од една венчавка која тргнала наопаку. Имено, во текот на церемонијата на сечење торта, еден пијан гостин со раце ја распарчил и потоа започнал да ја фрла на младенците.


Но, младоженецот брзо реагирал на неговиот непромислен потег, удирајќи му бокс и соборувајќи го на земја, а видеото стана вистински хит.


Видеото кое прво беше објавено на ТикТок, а потоа избришано, започна да кружи на социјалните мрежи, а само на Твитер има повеќе од 2 милиони прегледи.

„Секоја чест за младоженецот“, „Да сум на местото на невестата, овој тип лошо би си поминал. Тортата е скапа, им ја уништил венчавката“, „Колку чинеше тортата? Да сум на нивно место, би го тужел барем за тоа“, „Толку е пијан што не може ни да ги погоди со парче торта“, се дел од коментарите на Твитер.

ВИДЕО | Со евтин детектор пронашол грутка злато вредна 150.000 евра: „Сопругата ќе биде пресреќна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот