ВИДЕО | Со евтин детектор пронашол грутка злато вредна 150.000 евра: „Сопругата ќе биде пресреќна“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Австралиец со евтин детектор за метал открил камен со злато во вредност од 240.000 австралиски долари (130.000 фунти или 148.000 евра).

Човекот кој го пронашол златото во златните наоѓалишта на Викторија сакал да остане анонимен. Дарен Камп, кој го проценил и купил примерокот, рекол дека тоа е најголемиот таков камен што го видел во својата 43-годишна кариера.

„Бев шокиран. Тоа се пронаоѓа еднаш во животот“, рекол за „Би-би-си“.

 

Камп не размислувал премногу за тоа кога мажот со голем ранец влегол во неговата продавница во Гилонг, на околу еден час југозападно од Мелбурн.

„Луѓето обично доаѓаат со глупаво злато или други камења кои изгледаат како злато“, рекол Камп.

„Но тој го извлече каменот и додека ми спушташе во рака, рече: ’Мислиш дека вреди околу 10.000 долари?‘“

„Го погледнав и реков: ’Пробај 100.000 австралиски долари‘. Тој потоа ми кажа дека каменот што го донел во продавницата е само половина од наодот.“

Карпата од 4,6 килограми содржела 2,6 килограми злато. Камп рекол дека среќниот пронаоѓач многу се радува што толкав голем износ на пари ќе ги потроши на своето семејство. Рекол дека неговата сопруга ќе биде пресреќна.

Иако ваквите наоди се екстремно ретки, се проценува дека Австралија има најголеми светски резерви на злато, а многу најголеми грутки на светот се пронајдени токму во таа земја.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот