ВИДЕО | Перуански рибар преживеал 95 дена изгубен на отворено море, јадел инсекти и птици
Перуански рибар е пронајден жив во Тихиот Океан откако поминал 95 дена изгубен на отворено море. Максимо Напа Кастро (61) испловил од Маркона, крајбрежен град во јужниот дел на Перу, на 7 декември, но лошото време го оттргнал од неговиот курс.
Препорачано
Тој беше пронајден дехидриран, но жив на 11 март од рибарски брод од Еквадор во водите на северниот брег на Перу, јавува Си-ен-ен.
По спасувањето, Напа Кастро во емотивно интервју за локалните медиуми изјави дека преживеал пиејќи дождовница што ја собрал на брод и хранејќи се со инсекти, птици и една желка.
Тој немал што да јаде во последните 15 дена, пренесува „Ројтерс“.
Рибарот рекол дека во текот на целото искушение мислел на неговото семејство за да се одржи во живот.
„Си реков дека не сакам да умрам поради мајка ми. Имам внука која има само неколку месеци, мислите за неа ме одржуваа. Секој ден размислував за мајка ми“, рекол Напа Кастро.
Неговата ќерка Инес Напа Торес им се заблагодари на еквадорските рибари што му го спасиле животот.
„Ви благодарам, браќа од Еквадор, што го спасивте мојот татко, Господ нека ве благослови“, напишала таа на Фејсбук.
Семејството Напа Кастро и групи рибари го бараа цели три месеци.
„Секој ден е исполнет со вознемиреност за целото семејство и ја разбирам болката на баба ми, бидејќи како мајка знам како е. Никогаш не ни помислувавме дека ќе доживееме ваква ситуација, никому не би му посакала. Нема да изгубиме надеж, тато, ќе те најдеме“, напишала неговата ќерка на Фејсбук на 3 март.
По неговото спасување, Напа Кастро бил примен на лекарски преглед во болницата „Госпоѓа Мерседес“ во Паита, во близина на границата на Перу и Еквадор, а во саботата е пуштен на домашно лекување.
Peruvian fisherman found after 95 days at sea pic.twitter.com/YPf9xE4Cfc
— Roya News English (@RoyaNewsEnglish) March 16, 2025


