Фото: Принтскрин / Јутјуб / U.S. Navy

ВИДЕО | Пеколни 36 часа зад непријателските линии во Иран: Американскиот пилот спасил жива глава поради обуката СЕРЕ

Американскиот воен пилот успеал да издржи 36 часа зад непријателските линии во Иран, и покрај тоа што бил тешко ранет, а за неговото преживување клучна била специјалната обука СЕРЕ, пишува „Волстрит журнал“.

Станува збор за елитен тренинг на американските воздухопловни сили, наменет за пилоти и за припадници на специјални единици кои би можеле да се најдат сами на територија под контрола на непријателот. Името СЕРЕ е кратенка од англиските зборови за преживување, избегнување, отпор и бегство (Survival, Evasion, Resistance and Escape).

Според поранешниот генерал Давид А. Дептула, целта на оваа програма е да ги подготви војниците да останат живи во екстремни околности, да не бидат заробени и да ги зголемат шансите за успешно спасување.

Пилотот на ловец „Ф-15“, кој бил соборен над Иран, преживеал во тежок планински и непристапен предел, додека локалните сили интензивно трагале по него. Неговото фаќање ќе претставувало важна пропагандна и политичка победа за Техеран.

Обуката се заснова на четири главни елементи. Првиот е преживување, што опфаќа справување со повреди, наоѓање засолниште, вода и храна во сурови услови. Во рамки на ваквиот тренинг, пилотите вежбаат и практични техники како импровизирано засолнување, палење оган без опрема и снаоѓање со минимални ресурси.

Вториот дел е избегнување, односно како да не бидат забележани. Тука учат да се движат внимателно, особено ноќе, да го користат теренот за прикривање и да комуницираат со спасувачките тимови без да ја откријат својата локација.

Третиот сегмент се однесува на отпор во случај на заробување. Иако овој дел од програмата е доверлив, познато е дека се потпира на принципи развиени по искуствата од Корејската војна.

Последниот столб е бегство, односно користење тактики и опрема за враќање на безбедна територија. Според воени експерти, токму ваквата обука честопати ја прави клучната разлика меѓу живот и смрт, но и меѓу спасување и заробеништво.

ФОТО | Соборен е американски борбен авион, пилотот паднал во рацете на Иранците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот