foto> promo

ВИДЕО: Пејачката Наташа Малинкова се враќа со новата песна „Немам зборови“

Пандемијата на коронавирусот речиси целосно се смири во нашата земја, да се надеваме дека и ќе остане така. Тоа беше доволна причина за повеќето од македонската музичка естрада да ги засукаат ракавите и да почнат со создавање нова музика за својата публика.

Една од нив е познатата пејачка Наташа Малинкова која пред само еден ден ја објави својата најнова песна „Немам зборови“, за која сними и прекрасен видеоспот.

Се разбира, Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна.

Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција– ни изјави Малинкова.

Инаку Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да добијат одлично видео. Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк А Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ.

Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња – вели Наташа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот