Фото: Н1/Принтскрин

ВИДЕО: Патот пропаѓа во Крагуевац — нов одрон кај Центарот за извонредност, жителите се исплашени

Се урна уште еден дел од патот околу Центарот за извонредност во Крагуевац, објави „Н1“.

Жителите на Крагуевац кои живеат во зградата покрај градилиштето, каде што во петокот се урна дел од патот и земјиштето, утринава до редакцијата на „Н1“ испратиле снимки на кои се гледа дека се урнал и уште еден дел од пристапната сообраќајница околу Центарот за извонредност.

Дел од патот веднаш до зградата на Центарот повеќе не постои и на тоа место е создадена голема дупка.

Жители на зградата „Тесла палас“, кои сакаа да останат анонимни, изјавиле дека вчера разговарале со инвеститорот и со одговорниот инженер на зградата која се гради во соседството.

Тие им кажале дека „проблемот е во водата и во тоа што патот кај Центарот за извонредност бил изграден без слој на тампон“.

ВИДЕО | Се срушија потпорни ѕидови кај научниот комплекс во Крагуевац

На прашањето на станарите дали нивната зграда е загрозена, добиле одговор дека „не би требало да биде“.

Како што јавува репортерката на телевизијата местото на настанот, во моментот се работи на санација, но освен багер што набавува земја, екипата на „Н1“ не забележала дека е преземена каква било друга мерка за обезбедување.

Во петокот наутро во Крагуевац, во близина на Центарот за извонредност, се урнаа потпорен ѕид и дел од патот.

Телевизијата дојде до снимка на која се гледа моментот кога дошло до уривање на ѕидот и дел од патот во Крагуевац.

Се сомнева дека одронот се случил поради изградбата на блиската зграда и поради дождовите што врнеа неколку дена претходно. Не е познато кој ги изведува градежните работи, бидејќи нема табла со информации за градилиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот