ВИДЕО | Паника од поплави во Лос Анџелес, издадени наредби за итна евакуација
Властите во Лос Анџелес вчера издадоа наредби за евакуација за некои области, бидејќи се очекува поројни дождови да ја погодат Калифорнија, зголемувајќи стравувања од опасни поплави на Бадник, пренесува Си-ен-ен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Се очекува „атмосферска река“ – бура што изгледа како река на небото – да ја погоди Јужна Калифорнија во наредните часови, а се очекува лошото време да продолжи до крајот на неделата.
„Ова е многу опасна божиќна бура“, предупреди американската Национална метеоролошка служба (NWS), предвидувајќи до 250 милиметри дожд во некои области.
Rain is on its way! Check the forecast before venturing out. LA County roadways, waterways and river channels can be dangerous during storms. Learn more at https://t.co/EbVyweTIY2. @LACoPublicWorks @LACoFDPIO @ReadyLACounty @LASDHQ pic.twitter.com/0CfP9q447v
— Los Angeles County (@CountyofLA) December 23, 2025
Пикот на опасното време се очекува денес, на Бадник, со зголемена веројатност за поплави и лизгање на земјиштето.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, изјави дека на повеќе од 100 домаќинства им е наредено да се евакуираат и дека на жителите во неколку области им е советувано да се подготват брзо да ги напуштат своите домови доколку е потребно.
Жителите на областите Пацифик Палисејдс и Малибу, кои беа погодени од катастрофални пожари пред една година, се во зголемена готовност, бидејќи прогнозираните обилни врнежи од дожд предизвикуваат загриженост за лизгање на земјиштето.
Метеоролозите предупредуваат дека бурата ќе биде придружена и со силни ветрови, што ги зголемува стравувањата од прекини во електричната енергија и затворање на патиштата поради паѓање дрвја. Поради оваа причина, властите ги предупредија планинарите да бидат исклучително внимателни.


