ВИДЕО: Палестински новинар го соблече елекот откако дозна дека неговиот колега е убиен, „стануваме маченици, чекаме да ни дојде редот“

Фото: Скриншот

Репортер на палестинска ТВ Мохамад Абу Хатаб кој известуваше во живо во четвртокот вечерта пред болницата Насер во Газа како и 11 членови на неговото семејство беа убиени истиот ден во израелски воздушен напад во јужниот дел на Газа.

Новинарот бил убиен кога се вратил дома половина час подоцна.

Смртта на новинарот предизвика шок, емоции и неверување кај неговите колеги од палестинската телевизија.

Неговиот колега Салман Ал Башир додека известуваше во живо предизвика силни емоции и солзи кај водителката во студиото.Тој видно вознемирен и револтиран од смртта на неговиот колега го соблече заштитниот елек и кацигата, посочувајќи дека облеката не ги штити новинарите.

„Не можеме веќе да го издржиме ова. Исцрпени сме, тука сме жртви и маченици кои ја чекаат смртта, умираме еден по друг и никој не се грижи за нас или за големата катастрофа и криминалот во Газа. Без заштита, без никаква меѓународна заштита, без имунитет на ништо, оваа заштитна опрема не не штити нас, ниту шлемовите. Тоа се само пароли што ги носиме, тие не штитат ниту еден новинар.Во живо во етерот, ги губиме душите една по друга, без цена, стануваме маченици, чекаме да дојде редот“, рече Салман Ал Башир.

„Нашиот колега Мохамад Абу Хатаб стоеше овде пред само 30 минути и сега не напушти, заедно со неговата сопруга, брат и многу членови на неговото семејство. Сите тие се жртви сега кои се тука во болницата“, дополни Ал Башир.

Војната на Израел со Хамас зеде 33 новинари меѓу кои 28 Палестинци, четворица Израелци и еден либански државјанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот