ВИДЕО | Откриени 10 мумифицирани крокодили во гробница во Египет

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Археолозите од Универзитетот во Хаен открија нова гробница со остатоци од пет речиси комплетни мумифицирани скелети на крокодил и пет мумифицирани черепи од крокодил, кои датираат од предптолемејската ера пред 304 година п.н.е., објави порталот „Heritage Daily“.

Според британскиот сајт кој објавува научни откритија од областа на археологијата, антропологијата и палеонтологијата, крокодилите се користеле за време на ритуали посветени на древниот египетски бог Собек, кој бил прикажан во форма на крокодил или како човек со глава на крокодил.

Собек исто така бил поврзан со фараонската моќ, плодноста и воената моќ, но бил и бог заштитник од опасностите што ги носи Нил.

„Повеќе од 20 гробници со мумии на крокодили се познати во Египет, но неверојатно е да се најдат 10 добро сочувани мумии на крокодили заедно во недопрена гробница“, истакнал Беа Де Купере, археозоолог од Кралскиот белгиски институт за природни науки.

За повеќето мумии собрани од музеите кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, главно младенчиња, не се знае точно од каде потекнуваат, изјави таа. Резултатите од ископувањето, кои се објавени во списанието „PLOS ONE“, покажуваат дека крокодилите од гробницата се долги меѓу 1,8 и 3,5 метри, а остатоците припаѓаат на крокодилот од Нил и на западноафриканскиот крокодил.

ФОТО | Златен јазик во устата: Мумифицираното „Златно момче“ пронајдено со 49 скапоцени амајлии

ФОТО+ВИДЕО | Во Египет пронајдена мумија покриена со злато, можеби најстарата досега

ВИДЕО | При поправка на канализација во Рим пронајдена статуа на Херкул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот