ВИДЕО | Откриена вистината за „електричната“ хемија меѓу Џенифер Лопез и Брет Голдштајн
Џенифер Лопез и Брет Голдштајн, најпознат по улогата на Рој во серијата „Тед Ласо“, се најдоа во центарот на шпекулациите за нова романса која од филмското платно се пресели во реалниот живот. Имено, Имено, за време на снимањето на новата романтична комедија „Канцелариска романса“, Џеј Ло и маркантниот британски актер станале неразделни.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што пренесуваат странските медиуми, Џенифер, која зад себе го има турбулентниот развод со Бен Афлек од 2025 година, конечно повторно има насмевка на лицето.
Извори за „Дејли мејл“ тврдат дека на снимањето на филмот била „јавна тајна“ оти меѓу Брет и Џенифер постои посебна поврзаност.
„Од почетокот одлично функционираа заедно, а хемијата меѓу нив беше неверојатна. Постојано се смееја и сите се сомневаа дека меѓу нив има нешто повеќе од обично колегијално пријателство“, открива извор близок до актерите.
Брет Голдштајн инаку е сингл од 2022 година, а на снимањето веќе почнале да се шират шеги дека тој е всушност „британската верзија на Бен Афлек“, што очигледно многу ѝ ласкало на латино дивата.
Најдобриот филмски бакнеж
Дека работите се сериозни, потврди и самата Џенифер во гостувањето кај Енди Коен. Таа без двоумење го пофали Голдштајн и го опиша како нејзин омилен партнер за бакнување пред камерите.
„Само ќе кажам дека штотуку снимив филм со Брет Голдштајн и дека бакнежот со него на сетот ми беше најдобар во кариерата“, изјави Лопез без задршка.
Што не очекува во „Канцелариска романса“?
Филмот на „Нетфликс“ пристигнува на 5 јуни, а дејството ја следи директорката Џеки Круз (Лопез) која се заљубува во новиот вработен Даниел Бланчфлауер (Голдштајн). Приказната се фокусира на двајца работохоличари кои запаѓаат во неволја кога конечно ќе почнат да го слушаат своето срце наместо деловните правила.


