Торба, Биркин - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Оригиналната чанта „Биркин“ претставена во Јапонија откако беше купена за 10 милиони долари

Оригиналната чанта „Биркин“ направена по мерка за покојната актерка Џејн Биркин беше претставена пред медиумите во Токио, откако јапонската компанија „Valuence Japan“ ја купи на аукција во Париз за 8,6 милиони евра, односно 10 милиони долари.

Првата „Биркин“ чанта настана во 1984 година, кога актерката и пејачка Џејн Биркин за време на лет неформално разговарала со тогашниот извршен директор на „Ермес“, Жан-Луј Дима, пренесува Ројтерс.

Биркин тогаш ја изразила својата потреба од елегантна, но практична торба за млада мајка, а Дима веднаш нацртал скица со посебен простор за шишиња за бебиња.

Откако била изработена чанта по нејзина мерка, „Ермес“ лансирал и помала верзија за поширокиот пазар.

Шинсуке Сакимото, коосновач и извршен директор на компанијата „Valuence Japan“, која се занимава со препродажба на луксузни производи, изјави дека торбата ја симболизира „филозофијата на нивната фирма“.

Компанијата „Valuence“ планира да ја изложува торбата во музеи и други јавни простори, а не да ја продава.

Торбата првично била продадена во 1994 година на аукција организирана од самата Џејн Биркин, во корист на француската хуманитарна организација „Sidaction“, која собира средства за борба против сидата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот