ВИДЕО: Олимпискиот комитет финансиски ќе го помага Бошко Стаменковски

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5/Македонски олимписки комитет

Бошко Стаменковски е еден од ретките во Македонија кој се занимава со малку познатиот „Пауер лифтинг“, поддисциплина во боди-билдингот.

По големите успеси на меѓународен план последните години, неговиот квалитет и успеси ги препознаа првите луѓе на Олимпискиот комитет на Македонија на чело со Даниел Димевски кој денеска со него потпиша договор за соработка и финансиска помош.

Меѓу другото, Стаменковски е носител на светскиот рекорд во правење склекови бидејќи за една минута направил 77, со заклучување. Рекордот е поставен во декември 2018 година.

Со оглед на тоа што минатата година, спортот во светот беше суспендиран поради пандемијата со коронавирусот, најплодна година на шампионот од Македонска Каменица е 2019 во која тој настапи на 15 натпреварувања, учествуваше на пет европски и пет светски натпревари и околу 50 турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот