ВИДЕО | Анаконда од пет метри предизвика хаос на плажа во Бразил: Тројца пожарникари учествуваа во отстранувањето на змијата
Огромна анаконда долга околу пет метри била пронајдена во неделата наутро (12 октомври) во центарот за капење Рио Квенте, на југот од бразилската сојузна држава Гојас. Влекачот се протнал под бетонската конструкција што води до центарот за капење и тоа на многу непристапно место.
Препорачано
Во отстранувањето на анакондата биле вклучени тројца пожарникари, а на видеата може да се види голема група луѓе кои следел што се случува.
Бидејќи местото каде што се криела анакондата било тешко достапно, пожарникарите морале да го скршат бетонот и да го прошират отворот за да стигнат до животното.
По отстранувањето, анакондата била фатена со кука и стап. Според пожарникарите, спасувањето било завршено без никакви повреди на животното.
Потоа змијата била транспортирана со возило на противпожарната служба и вратена во дивината, во област со автохтона вегетација во близина на водната средина.
Нема извештаи за повредени. Медиумите го контактирале аквапаркот каде што се наоѓала анакондата, но не добиле одговор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


