ВИДЕО | Огненовски шеф на таверната „Тоскана“: Се заробив во светот на храна и вино и до ден денес не можам да излезам

Влатко Огненовски, сопственик и шеф во таверна „Тоскана“
Влатко Огненовски, сопственик и шеф во таверна „Тоскана“ / Утрински брифинг

-Се заробив во светот на храна и вино и до ден денес не можам да излезам. Се работи за бутик ресторанче, намерно е направено мало за да имаме доволно време да посветиме внимание на припремите кои почнуваат рано сабајле од пет часот,, изјави во Утрински брифинг Влатко Огненовски, сопственик и шеф во таверна „Тоскана“.

-Се што се служи е домашно. Работиме и на домашна италијанска кујна која опфаќа еден селективен пристап во изборот на намирниците и доведување до крајна уметност за та секој клиент добие едно поинакво кулинарско патување и воодушевување, вели Огненовски.

-По патувањата и искуствата во светот, секогаш си наоѓав некоја причина да си се вратам дома. Сакав дома дома да се вратам за да ги споведам интенационалните искуства особено од Тоскана. Со пандемијата ни се оневозможени патувањата, но генерално целта е да се носат, да се канат светки готвачи и да ја збогатиме ресторанската сцена. Осум години бев во срцето на Тоскана. Љубител сум на тие кулинарски уживања, патувањаа во храна и вино. Прв пат се запознав во далечната 1992 кога заминав на студии по уметност, но судбината ме однесе во друг правец, вели Огненовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот