Влатко Лозаноски - Фото: Имнстаграм/ВлаткоЛозаноски/@samandovs

ВИДЕО | Од дете со големи соништа до полни концертни сали: Влатко Лозаноски за километрите исполнети со музика и љубов

Влатко Лозаноски – Лозано со емотивно видео на Инстаграм ги разнежи своите фанови и се потсети на спомените од детството. Без сцена и гламур, само мало момче со големи соништа, кое уште од најраните години верувало дека ништо не е невозможно.

„Од првите детски соништа, до денес. Од првите ноти, до илјадниците километри љубов. Километри изодени со музика. Со сцени. Со емоции. Со вас. Километри што не се мерат во растојание, туку во спомени, доверба и заеднички рефрени. 7 март. Да ги прославиме километри љубов. Сите поминати. И сите што допрва ќе ги поминеме заедно.“, напиша тој во описот, во кој меѓу другото го најви својот концерт на 7 март.

Со оваа објава, Влатко покажа дека љубовта кон музиката не му се случила преку ноќ. Уште како дете бил со микрофон во рака, на приредби, на семејни собири, пред публика, мала, но важна за неговата иднина. Токму тие први моменти, како што може да се види од видеото, му ја одредиле насоката во животот.

Објавата предизвика бројни реакции, а фановите коментираат дека токму ваквите моменти покажуваат кој навистина стои зад сцената, детето што никогаш не престанало да верува во својот сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот