ВИДЕО | Од Атлетико Мадрид се жалеле до УЕФА откако рано утрово навивачите на Арсенал ги вознемириле со огномети
Вечерва се игра реванш полуфиналната средба помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, откако првиот меч заврши 1-1
Атлетико Мадрид наводно „поднел остра жалба“ до УЕФА по настаните што се случија неколку часа пред полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал што се игра вечерва (21 ч).
Препорачано
Се вели дека клубот поднел жалба откако бил поставен огномет пред нивниот хотел во Лондон во раните утрински часови.
🚨 Footage of the fireworks set off outside the Atletico Madrid team hotel, which led to the club reporting the incident to UEFA. 🧨
🎥 @AFCAMDEN pic.twitter.com/fVznnTvlGC https://t.co/VyTlmrQhbv
— DailyAFC (@DailyAFC) May 5, 2026
„Марка“ тврди дека Атлетико брзо ја искажал својата фрустрација до УЕФА, иако останува да се види дали многу користената „тактика“ може да биде казнета на кој било начин, со оглед на тоа што е позната случка на европските натпревари.
Според „Марка“ првиот огномет бил поставен во 1:30 часот наутро. Само 20 минути подоцна, во близина на хотелот на тимот се слушнало погласно пукање, при што сонот на играчите бил нарушен.
Вечерва нова „шаховска битка“: Арсенал и Атлетико во Лондон решаваат за првиот финалист во ЛШ


