ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ му подари рекет со посебна посвета на Тони Цетински: „Вети и го исполни ветувањето“
Хрватскиот пејач Тони Цетински се пофали на Инстаграм со посебен подарок што го добил од Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер во светот му подари рекет со свој потпис и лична посвета „За Тони“, а Цетински гордо позираше со подарокот, не криејќи ја среќата.
Препорачано
„Вети и го исполни ветувањето, а јас мислев дека заборавил. Ти благодарам , напиша Цетински во описот на објавата.
Се чини дека Тони и Новак делат голем број заеднички обожаватели, кои веднаш се огласија во коментарите со пофалби и пораки на поддршка.
„Двајцата најдобри луѓе што чекорат по овој свет“, „Тони е крал на музиката, Новак крал на тенисот – шампиони“, „Ти и Ноле сте како близнаци – моќни, полни со љубов. Ве обожавам двајцата“, беа дел од коментарите под објавата. Се јави и водителот Далибор Петко, кој напиша: „Легенда до легенда“.
Една следбеничка дополнително истакна дека Ѓоковиќ е познат како човек што секогаш стои зад своите зборови.
„Општопознато е дека Новак секогаш го исполнува она што ќе го вети, а рекет со негов потпис навистина заврши во вистински раце. Секоја чест на двајцата“, напиша таа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


