ВИДЕО: Нова верзија на филмот „Кум 3“, трејлерот ветува подобар крај од оригиналниот

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Трејлерот за новата верзија за филмот „Кум 3“ ветува подобар крај од оригиналното остварување од 1990 година.

За жал, додека првите два дела од „Кум“ од 1972-ра и 1974-та година важат за ремек дела и можеби најдобрите филмови на сите времиња, третиот не остави таков впечаток.

– За оваа верзија направив нов почеток и крај и препакував неколку сцени, кадри и музика. Со овие промени и реставрирањето на сликата и звукот, тоа, според мене, е соодветниот заклучок на првиот и вториот дел од „Кум“, наведе режисерот.

Филмот, како што се наведува, е реставриран во високата 4К резолуција.

Премиерата ќе биде одржана во одредени кина на 4-ти декември оваа година, а потоа ќе биде достапна на „Blu-ray“ и дигиталното издание од 8-ми декември.

Во трејлерот гледаме дека филмот добил и нов назив „The Godfather Coda: The Death of Michael Corleone“, со назнака дека во „остварувањето е вткаен нов живот“, но не ги открива тајните на новиот почеток и крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот