ВИДЕО | Нов музички хит: „Set Мe Free“ е повикот за слобода на Борис Цветановски

Иако велат дека музичката индустрија е најпогодена од тековната корона криза, тоа не е случај со македонскиот интернационалец Борис Цветановски, кој минатата година го промовираше својот музички проект под псевдонимот „Ris Flower“ преку кој го пробива патот до светската музичка сцена.

Тој денеска го промовира новиот сингл „Set Me Free“, кој како што самиот вели, е повик за ослободување.

Приватна архива 

Времето во кое живееме ме натера да ја согледам заробеноста на луѓето во своето секојдневие, во тешките меѓусебни врски и испревртените принципи и вредности. Инспирацијата ја пронајдов во бескомпромисниот копнеж за слобода и љубов кај секого“, објаснува Цветановски.

Новиот музички хит „Set Me Free“ е дело на Борис Цветановски и Павле Василјевиќ, а врвниот светски звук се должи на аудио продукцијата, миксот и мастерингот во едно од најпрестижните студија во Истанбул, Турција од страна на продуцентите Арикан Сиракаја и Мустафа Чанбазлар.

Приватна архива

За ова музичко издание се подготви и официјален видео спот кој е режисерско дело на Бруно Велјановски, додека виновник за магијата позади камерата е Борис Ралев.

Приватна архива

Инаку, за Ris Flower велат дека во својата песна промовира нов, модерен, ултра-прогресивен светски звук на поп музика. Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секој, го дефинираат Борис Цветановски како инди-поп артист со мноштво од рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот