Фото: F1

ВИДЕО: Норис на дождот во Лас Вегас до пол-позиција, Верстапен тргнува веднаш до него

Актуелниот лидер во генералниот пламсна, Ландо Норис, беше одличеен во квалификациите за трката во Лас Вегас, освојувајќи ја пол-позицијата во самиот финиш, пред Макс Верстапен.

Квалификациите донесоа вистинска драма, „летечкиот Холанѓанец“ накратко беше на врвот, пред Норис со последниот круг да го симне на второто место.

Трет заврши Карлос Саинц, а од втората редица ќе стартува и Џорџ Расел. Во првите десет се најдоа и Пјастри, Лоусон, Хаџар, Леклер и Гасли.

Возењето по дождливите улици на Лас Вегас им зададе сериозни маки на возачите. Норис по квалификациите искрено призна колку тежок бил предизвикот.

„Беше неверојатно стресно, навистина непријатно, можеби едни од најлошите услови што сум ги доживеал. Многу лизгаво, многу тешко“, рече Британецот, опишувајќи го хаосот на патеката.

Според најавите за времето дождот кој врне во изминатите денови во Лас Вегас би требало да престане пред трката.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот