ВИДЕО | Никола Јокиќ се израмни со легендарниот Меџик Џонсон

фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Никола Јокиќ синоќа влезе во историјата на НБА лигата, откако во поразот на својот Денвер нагетс против Лос Анџелес клиперс (126:122) го забележа 138 трипл-дабл во кариерата.

Српскиот кошаркар на тој начин застана рамо до рамо со легендарниот Меџик Џонсон на третото место на вечната листа.

Јокиќ постигна 28 поени, со 14 скока и 11 асистенции, Џамал ​​Мареј и Мајкл Портер додадоа по 18 поени.

На другата страна, листата на стрелци на Клиперс ја предводеше одличниот Џејмс Харден со 39 поени, на кој му недостигаше еден скок за трипл дабл (имаше и 11 асистенции).

НБА лига, резултати

Кливленд – Бостон 115:111
Њујорк – Њу Орлеанс 118:85
Торонто – Мајами 119:116
Хјустон – Оклахома 119:116
Јута – ЛА Лејкерс 104:105
Портланд – Далас 131:137
Сакраменто – Сан Антонио 125:127
ЛА Клиперс – Денвер 126:122

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот