18 C
Скопје

ВИДЕО: Неславно заврши втората трка, Иџе доби удар кој не го очекуваше!

Откако во саботната прва трка малку недостасуваше да се искачи на пиедесталот, денеска Игор Стефановски не ја заврши втората трка на патеката „Монца“, прв тркачки викенд од ТЦР шампионатот на Италија.

Веднаш штом се тргна безбедносното возило, Иџе кој се наоѓаше на осмата, па за момент на седмата позиција, излета од патеката.

Еден од ривалите, дали намерно или случајно, удри во возилото на нашиот натпреварувач. Стефановски се чувствува добро, но го искажа своето разочарување веднаш после трката:

– Понекогаш се случуваат и вакви работи, но криво ми е што не беше во некоја борба, туку беше удар од позади кој навистина не го очекував. Не знам која е причината, треба да се оди кај директорот на дирекцијата, бидејќи навистина удар кој не дај Боже да беше од страна.

Моето возило е прилично оштетено, тимот ќе го прегледува да види дали е возможно со истото да се продолжи во натпреварувањето или ќе се бара некоја друга варијанта – вели Стефановски.
Видео: Youtube/24.auto.mk

Поврзани вести

РФМ: Начевски за зборовите „ќе те колам“ доби дисциплинска санкција!

Слободен печат

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Остави Коментар