ВИДЕО | Ненад Периш објави потресна снимка од испраќањето на неговиот син Матеј: Капетане треба да одиме дома…

Факели во чест на Матеј/Фото: Скриншот

Ненад Периш, таткото на сплитќанецот Матеј Периш (27) кој почина во Белград каде дошол на прославата на Нова година, на својот Фејсбук профил објави снимка од испраќањето на својот син, кој го приредија неговите пријатели и сограѓани во сплитското пристаниште.

Околу 20 бродови и еден голем едреник запловија во чест на Матеј со факели во различни бои.

А на снимката се слуша песната „Капетане трибали би дома“.

„Капетане треба да одиме дома, одамна дома не сме биле, капетане треба дома, нас дома сите не заборавија“, се зборовите на оваа песна.

Ненад Периш го сподели ова видео, а во описот стави само црвено срце.

На денот на погребот на Матеј во близина на траектното пристаниште пловеше шпалир бродови на кои имаше запалени факели, а во знак на последен поздрав се слушнаа и труби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот