Трогателна порака за Матеј Периш испрати српскиот патријарх: Болно е да се испрати син во војската Христова

Миса и испраќање на посмртните останки на Матеј Периш во Белград/Фото: Скриншот/ PIXSELL

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј, на Инстаграм објави фотографија од Матеј Периш, кој од Белград беше испратен за да биде погребан во Сплит и емотивна порака за трагично загинатиот млад човек.

Да потсетиме, Порфириј вчера присуствуваше на испраќањето на Матеј Периш по мисата во црквата Свети Антониј во Белград предводена од архиепископот Станислав Хочевар, а потоа на социјалните мрежи ја објави оваа порака:

Животот нема смисла, ако не е вечен! Присуствував на молитвеното испраќање на Матеј Периш во Сплит. Служеше надбискупот Хочевар. Неговиот татко Ненад е исклучителен човек, брат, христијанин. Нему му се обратив:

Дали смртта е последниот збор за нас или е смртта она што таткото на Матеј, нашиот брат Ненад, го зборува. Боли кога мајка ќе го прати синот во војска, или девојката ќе испрати момче во војска, кога ќе помине еден месец, два дена да не го види. Да не зборуваме кога ќе го испратиме нашиот син во војската Христова, во вечноста и да чекаме кога и ние ќе дојдеме со него да се гушнеме и видиме.

„Драг брате, на погребот на секој човек ја кажувам реченицата: „Христе Господе прости ги гревовите на покојникот и постави го на цветно место од кое бега секоја тага“. Христовото воскресение ни ја открива тајната на вистината дека ничиј живот нема смисла ако не е вечен. Сите знаеме дека луѓето околу нас  умираат  и сите се однесуваме како да нема да умреме. Само кога некој многу близок ќе го напушти овој свет, почнуваме сериозно да се фокусираме на тајната на животот. Дали сите умираат освен нас или едно е сигурно, а тоа е дека ќе го напуштиме овој свет. И тогаш, низ точката на заминување, сè си добива своја смисла“, напиша Порфириј.

Српскиот патријарх Порфириј на мисата за Матеј Периш во Белград/Фото: Скриншот/PIXSELL

Ковчегот со посмртните останки на Матеј Периш денеска беше предаден во неговиот роден град Сплит, на гробиштата Ловринац. Се уште не е познато времето на погребот. Ненад Периш денеска уште еднаш упати апел и молба до новинарите да не го следат погребот на неговиот син.

-Почитувани новинари и сниматели, уште еднаш ви благодарам за вашето сочувство и правилно следење на овој случај, но уште еднаш ве замолувам да се воздржите од секакво медиумско внимание за погребот на нашиот Матеј и погребниот настан поради исклучително тешки моменти за мене и моето семејство, ќе го разберете моето барање и ви благодарам за тоа во мое лично име и во име на моето семејство“, рече Ненад Периш.

Да потсетиме, телото на Матеј Периш беше пронајдено во вторникот, по речиси пет месеци долга потрага, во Дунав кај Ада Хуја. Полицијата уште во првиот момент се посомневала дека се работи за младиот човек од Сплит врз основа на неговата облека и лични предмети пронајдени на неговото тело. Обдукцијата ги потврди црните сомнежи. Сега се чекаат резултатите од токсиколошките анализи кои треба да откријат дали Матеј кобната ноќ некако паднал во студена река бидејќи бил под дејство на алкохол или наркотици. Според првите резултати од обдукцијата, Периш се удавил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот