Берлинската зоолошка градина - Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Неискористените новогодишни елки во Берлин се рециклираат на најсимпатичен начин: Стануваат храна и забава за панди и слонови

За слоновите, пандите и другите животни во Берлинската зоолошка градина конечно пристигна моментот да ги „отпакуваат“ своите божиќни подароци. Елките што не нашле дом за време на празниците завршија токму кај нив – како вкусна ужинка и извор на забава, пренесува „АП“.

Неискористените новогодишни елки, кои не биле продадени во текот на празничната сезона, во петокот им беа подарени на животните, во рамки на традиционален годишен настан. Слоновите со сурлите ги кинеа гранките, ги фрлаа низ својот простор или уживаа во зеленилото како храна.

Берлинската зоолошка градина – Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Зоолошката градина прифаќа исклучиво свежи, непродадени елки од одбрани продавачи. Дрвца од граѓани не се примаат, бидејќи може да содржат хемикалии или остатоци од украси кои би можеле да бидат опасни за животните.

„Елките не служат само како храна, туку и како средство за забава и ментална стимулација“, изјави Флоријан Сикс, кустос задолжен за цицачите во зоолошката градина.

Во изјава за „АП“, тој додаде: „Животните можат да се борат со нив, да се чешаат, да ги превртуваат или да прават разни други работи со овие елки. На тој начин го збогатуваме нивното секојдневие, што ги прави навистина среќни.“

Додека слоновите изеле поголем дел од дрвјата, некои други животни им пристапиле повнимателно.

Годинава, за првпат, жирафите добиле задоцнети божиќни „чорапи“ – обесени наопаку, на висина на нивните глави, што предизвика особено внимание и радост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот