ВИДЕО: НБА чекаше 60 години, Јокиќ испиша историја!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија во НБА лигата/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Претходно вакво достигнување после 10 натпревари имаше само Оскар Робертсон во сезоната 1961/1962.

Кошаркарите на Денвер победија против Њујорк со 114:89, со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ.

За 30 минути поминати на паркетот забележа 22 поени, 10 скока и пет асистенции.

Така, тој стана само вториот играч во историјата кој постигна повеќе од 200 поени, 100 скока и 100 асистенции после 10 мечеви во една НБА сезона.

Во овој случај Јокиќ застана на 244 поени, 112 скока и 104 асистенции.

ВИДЕО: Лејкерси славеа во дербито против Хјустон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот