ВИДЕО: Лејкерси славеа во дербито против Хјустон!

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Доцна синоќа во НБА лигата составот на Лос Анџелес Лејкерс убедливо со 120:102 го совлада тимот на Хјустон Рокетс.

Актуелниот шампион немаше проблеми во дербито со „ракетите“, прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме кога стекна предност од 19 поени предност.

Доминираше повторно Дејвис со 27 поени, додека Џејмс кој играше само половина час на паркетот, запиша 18 поени, по седум скока и асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Вуд со 23 поени, три помалку постигна Харден, а Вол застана на 14 поени и 10 скока.

„Езерџиите“ се лидери моментно во Западната конференција со учинок од осум победи и три порази.

НБА, резултати –

Детроит Пистонс-Јута Џез 86:96
Лос Анџелес Клиперс-Чикаго Булс 130:127
Бруклин Нетс-Оклахома Сити Тандер 116:129
Њујорк Никс-Денвер Нагетс 89:114
Хјустон Рокетс-Лос Анџелес Лејкерс 102:120
Минесота Тимбервулвс-Сан Антонио Спарс 96:88
Голден Стејт Вориорс-Торонто Репторс 106:105

Табела, Западна конференција:
1.Лос Анџелес Лејкерс 8-3
2.Феникс Санс 7-3
3.Лос Анџелес Клиперс 7-4

Табела, Источна конференција:
1.Филаделфија Сиксерс 7-3
2.Бостон Селтикс 7-3
3.Индијана Пејсерс 6-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот