ВИДЕО: „НаТочак“ достави десет барања до идните градоначалници

Во пресрет на локалните избори неформалното здружение „НаТочак“ побара од кандидатите за градоначалници во Скопје и скопските општини, без разлика дали се претставници на политички партии или настапуваат независно, во своите програми да предложат конкретни мерки за одржлив и безбеден сообраќај и да се заложат за град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед.

„НаТочак“ смета дека идната локална власт треба да заземе посериозен пристап со фокус на 10 конкретни точки, и тоа: ослободување на тротоарите од возила, изготвување План за велосипедска мрежа со цел да се обезбедат велосипедски патеки и ленти или велосипедски улици на најмногу 125 метри од сечиј дом/работно место/дестинација, воведување „Зона 30“ во цело Скопје, овозможување паркинзи за велосипеди, систем за изнајмување на велосипеди, уредување на кејот на Вардар и другите реки за пешачки и велосипедски патеки.

– Жалам што повеќе не не викаат на состаноци во Град Скопје пред да почнат со реконструкција на некоја улица, како што беше случај порано. На пример кај МАНУ го копаат асфалтот, викаат дека тоа е реконструкција, но тоа е само  обична рехабилитација на улицата. За да кажеме дека се прави реконструкција треба да се стеснат коловозните ленти, да се прошири пешачката патека или барем да се направи средишно острово. Сега не викаат откако се е завршено за да ни кажат како ќе изгледа. Треба да се консултираат со нас бидејќи меѓу нас има професионалци, кои за жал недостасуваат во општините, изјави за Утрински брифинг Дарко Арсовски Петровски, член „НаТочак“.

Тоа за што се залага оваа иницијатива е да се ограничи движењето автомобилите на 30 км на час. Арсовски вели дека е лесно тоа да се изведе, ако се земат примери од Париз, Њу Јорк, Барселона…

– Тоа е тренд во многу светски градови, Париз е единствениот град кој тоа го направи на цела територија. 3о км на час се вози и во Берлин, Лондон, Милано. Ако овие градови можат тоа да го направат, сигурно може и Скопје. Правилото е: ако тој што го проектира булеварот докаже дека таму мора да се движат возилата со поголема брзина, тогаш нека биде така, но на сите споредни улици автомобилите да се движат со брзина од 30 км на час. На тој начин, колите ќе возат само по булеварите и нема да прават метеж низ тесните улички, објаснува Дарко од НаТочак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот