ВИДЕО: На Лесор му се заканува и затвор поради физичкиот напад на дербито Партизан – Црвена звезда

фото: принтскрин/Youtube/ABA Liga j.t.d.

Кошаркарите на Партизан по голем пресврт ја совладаа Црвена Звезда во 21 коло од АБА лигата (92:81), а дербито го одбележа неспортскиот потег на центарот на Партизан, Матијас Лесор.

Францускиот играч на Партизан веднаш по завршувањето на натпреварот го нападна центарот на Црвена звезда Филип Петрушев, по што дојде до општа тепачка.

Веднаш играчите од двете екипи интервенираа и на тој начин спречија конфликтот дополнително да ескалира. По испадот кој е направен, се очекува реакција од АБА лигата, според пропистите најверојатно Лесор ќе биде суспендиран.

Французинот го прекршил членот 23 и му се заканува казна затвор од 30 до 60 дена, и парична казна за „физички напад на учесник на спортски настан и учество во физичка пресметка на спортски настан“.

Тоа би било сериозен удар за Партизан, кој во АБА лигата го очекува тешко гостување од Будуќност во Морача и дуел со Цедевита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот