Спектакл во АБА лигата: Партизан се врати од „минус 20“ и ја победи Звезда!

Фото: КК Партизан

Партизан ја победи Црвена Звезда во рамките од 21-то коло во АБА лигата со резултат 89:79.

Кога Звезда во втората и третата четвртина имаше 20 разлика изгледаше дека 17.000 навивачи разочарани ќе ја напуштат Белградската арена. Беше одлична Звезда во секој аспект. Во офанзивата го имаше посебно расположенот Факундо Кампацо. Аргентинецот во првото полувреме уфрли 21 пооен. Погоди две тешки тројки, делеше асистенции, додека Партизан не изгледаше дека може да направи нешто повеќе.

Така беше се до третата четвртина кога „црно-белите“ се разбудиja. Последниот напад на Партизан пред крајот на третата четвртина Звезда не можеше да го издржи. Партизан со 5:0 во последната минута дојде до 63:66.

Тоа најавуваше тешка последна четвртина за „црвено-белите“ кои пет ипол минути не поентираа. Вилдоса беше надвор од ритам во тие моменти, Недовиќ не можеше да помогне, а Кампацо доби петта лична грешка и Звезда беше во нокаут. На Партизан скоро се му одеше во тие моменти, па на крајот големиот пресврт беше неизбежен.

Лесор беше лидер на Партизан со 27 поени и осум скока, Ледеј го следеше со 17 поени и три скока, додека на спротивната страна Кампацо постигна 21 поен и подели пет асистенции, Митровиќ додаде 17 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот