ВИДЕО | МЗТ тесно поразен од Хелиос во АБА 2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија на гостувањето кај словенечкиот Хелиос (67:68) во АБА 2 лигата, во натпревар со драматичен финиш, во кој Брендон Слај не го реализира последниот шут за победа, а на што, пак, претходеше неспортска грешка на Дион Едвин, која дефинитивно е за дополнителна анализа.
Препорачано
Иако првото полувреме актуелниот македонски шампион го заврши со двоцифрена негатива, момците во сино-бело заиграа одлучно во вториот дел.
Третата четвртина МЗТ ја почна со серија од 13 поени и ја презема иницијативата, со предност од плус четири во неколку наврати.
Едвин на влезот во последната минута при водство 67:66 не реализира низ шума од раце од под кошот, а потоа му беше досуден спорниот прекршок. Тој заврши со 16 поени, пет скокови и пет асистенции, а веднаш зад него беше Слај со 15 поени.
Остануваат уште два меча за МЗТ за борба за пласман во следната фаза од клупското натпреварување, а клубот ја бара потребната поддршка од сите свои навивачи.
На табелата во групата А води Хелиос со осум бодови, следуваат Цедевита Јуниор и МЗТ со по пет, а три има Тиват. Во следното коло играчите на тренерот Васко Атанасов на 4 декември ќе му гостуваат на Тиват.


