ВИДЕО | Музичко уживање: Прекрасна изведба на „Море сокол пие“ во „24 минути со Зоран Кесиќ“

„Барселона Џипси Балкан Оркестар“
„Барселона Џипси Балкан Оркестар“ / Фото: Фејсбук, „24 минути со Зоран Кесиќ“

Интернационалниот музички состав Барселона Џипси Балкан Оркестар, заедно со нивната вокалистка Маргерита Абита, гостуваше во популарната српска емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“.

Овој ансамбл, во кој има музичари од Србија, Италија, Шпанија, Грција и Украина, со своите преработки ѝ дава нов дух на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот.

На големо задоволство на гледачите, тие повторно ја изведоа македонската традиционална песна „Море сокол пие“.

„Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на БГКО со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации… Старата изрека вели: ‘Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј…’ А, сепак, еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирирани од природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала во сеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, изјавија музичарите кога пред неколку месеци ја објавија преработката на „Море сокол пие“.

Во продолжение, слушнете ја нивната прекрасна изведба. Секоја чест!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот