ВИДЕО | Муцунски: Протестот е политичко предупредување за заштита на националниот интерес

Овој протест е во форма на политичко предупредување. Од страна на Република Бугарија имаме една доста предвидлива и транспарентна позиција, Бугарија останува на декларацијата усвоена во бугарскиот парламент. На сите ни е јасно кои се преговарачките позиции на Софија. Од страна на Република Македонија имаме флоскули имаме многу кажани зборови многу работи ветени, но никако цврсто воспоставени национални ставови и црвени линии за што ние не сме подготвени да преговараме.

Сите велиме дека тоа се идентитетот, историјата, јазикот но често пати од оваа актуелна иста влада на СДСМ и ДУИ сме виделе ветувања дека не се преговара за одредени прашања но потоа токму за тие се преговара. Веројатно најлогичниот след во минатото ќе беше и Македонското Собрание како што бараше ВМРО – ДПМНЕ да усвои декларација, да утврди национални позиции врз основа на таа доверба што ние ја имаме инхерентно како претставници на граѓаните и на сите ќе ни беше јасно кои се преговарачките позиции на Република Македонија. Во недостаток на волја за воспоставување на национален консензус по ова прашање и загрижени од како што спомена и претседателот Христијан Мицкоски одредени информации кои што пристигнуваат ние одлучивме да одржиме неколку предупредувачки протести кои што да ги блокираат два часа раскрсниците но има нешто што е најважни а тоа е заштитата на националниот интерес, изјави за УБ пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот