ВИДЕО: Момче од Србија го воодушеви регионот со својата изведба на песна од Тоше Проески

facebook
принтскрин

Изминатиов период на социјалните мрежи почна да кружи видео од едно талентирано момче од Србија чиј глас едноставно го воодушеви регионот.

Српската новинарка Весна Малисиќ на својот фејсбук-профил сподели видео од момче, кое веројатно е дел од тимот на комуналните служби во Белград. Но, нема дополнителни информации за него, ниту дали станува збор за некаква анкета и дали бил случајно снимен или новинарката знаела за неговиот извонреден талент.

На почетокот на видеото момчето се слуша дека го прашуваат кој е неговиот омилен пејач, а тој одговори со стихови од една од најпознатите песни на Тоше Проески отпеана на српски јазик „Боже, брани ја од зла“.

Слушнете ја неговата фантастична изведба која нема да ве остави рамнодушни:

Одличен. Подобар од пола естрада“; „Прекрасно. За разлика од некои кои имале среќа и нешто повеќе, тој има само талент“; „Феноменално“; „Ви благодарам што го споделивте ова со нас. Ми го разубави не само денот туку и следниот месец. Опуштен, насмеан, природен, празник и за очи и за уши“, беа само дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот