ВИДЕО: Моќен старт на кошаркарите на Црвена звезда во Евролигата

фото: instagram.com/crvenazvezdakk/

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва во Белград го совладаа тимот на Асвел од Франција со резултат 94:73 (29:18, 23:13, 17:24, 25:18) во натпреварот од првото коло на Евролигата.

Најголемата предност кошаркарите на Црвена звезда ја имаа во третата четвртина во 27 минута кога беше 62:37 за домашните.

Најефикасен во тимот на Црвена звезда беше Шабаз Нејпир, кој постигна 21 поен, додека Рокас Гиедраитис додаде 17, а Марко Симоновиќ постигна 14. Кај гостите најдобар беше поранешниот капитен на Партизан, Жофри Ловерњ со 18 поени.

Српската екипа во второто коло на 13 октомври ќе му гостува на Жалгирис, додека Асвел ќе го пречека Партизан.

„Црвено-белите“ во „Штарк арената“ имаа фантастична поддршка од околу 20.000 навивачи на мечот со Асвел. Кошаркарите на Црвена звезда ги бодреа „црвено-белите“ фудбалери, а на трибините беше и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот