ВИДЕО | Млад Нигериец направи мал авион од отпад, технолошка компанија му понуди пракса

Фото Фејсбук

Болаџи Фатаи (21) никогаш не стапнал во авион, но тоа не го спречило да изгради сопствен модел на авион со далечински управувач од отпадоци и да го прелета на небото над хаотичниот трговски центар во Нигерија, Лагос.

И покрај облачниот и ветровитиот ден, авионот со еден пропелер успеал да ги издржи налетите на ветрот високо над песочното фудбалско игралиште пред да се сруши ниско над главите на набљудувачите во Овороншоки, сиромашна населба на истокот од градот каде што живее Фатаи.

Пропелерот и далечинскиот управувач го купил во продавница, но трупот, крилата, опашката и вентралната перка ги конструирал од парчиња рециклиран стиропор од депонијата и ги закачил со леплива лента. Распонот на крилата на неговиот авион е околу еден метар.

„Го започнав ова хоби кога имав седум години. Собрав некои предмети и работев на помали проекти. И секогаш се чувствувам воодушевено кога гледам како лета авион“, изјави 21-годишната девојка за Ројтерс.

Хобито на Фатаи наскоро би можело да се претвори во нешто повеќе и да ги оствари неговите детски соништа.

Имено, технолошка компанија му понудила пракса, што е важен прв чекор кон остварување на неговата желба да стане аеронаутички инженер.

„Со оглед на тоа што нашата земја е една од неразвиените земји, се надевам дека ќе станам дел од тимот кој ќе работи на нејзиниот развој користејќи ја мојата технологија за беспилотни летала“, рече тој со нескриена гордост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот