ВИДЕО | Митревски блесна на голот на Порто со две супер одбрани

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Maкедонскиот голман, Никола Митревски покажа дека заслужува да биде прв голман на Порто во Лигата на шампионите.

Митревски имаше голем придонес во триумфот на Порто против Целје од 29:30.

Порто успеа да се врати од „минус девет“ во второто полувреме, Митревски беше најзаслужен со два одбранети зицери и ги откажа домаќините во моментите кога португалскиот состав се враќаше во игра.

Настапот на Митревски беше забележан и од ЕХФ.

„Камбекот има свое име – се вика Никола Митревски“ стои во објавата на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот