3.4 C
Скопје

ВИДЕО | МИСТЕРИЈАТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Монолитот кој „никна“ во американската пустина, сега се појави во Романија

Приказната за мистериозниот монолит кој е откриен во Јута, а потоа исчезнат преку ноќ, доби неочекувана пресвртница.

Од Романија пристигна вест дека идентичен монолит, а можеби и баш тој мистериозно исчезнал од американската пустина, пронајден е во градот Пјатра Нјамц.

Необичниот објект најден недалеку од познато археолошко наоѓалиште, а висок е околу 4 метри.

ВИДЕО | „Ова е неверојатно“: Американските власти зачудени откако среде пустина пронајдоа мистериозен монолит

– Започнавме истрага, но монолитот се наоѓа на приватно земјиште. И понатаму не знаеме кој е сопственик, но се наоѓа во заштитено подрачје на археолошко наоѓалиште – рекле градските власти.

Прочитајте и...  ФОТО | Трендот продолжува: Во бикини на снег, Јелена Карлеуша, Теа, Сандра Африка, Кристина и Аделина!

Тие соопштија дека тука никој ништо не може да постави без одобрение на Министерството за култура.

Монолитот во Романија првпат е забележан на 26 ноември, а ден подоцна е пријавено дека идентичен таков исчезнал во Јута, САД.

Фотографии од мистериозниот монолит кои ги објави Одделот за јавна безбедност на Јута, САД / 24 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Инаку, објектот првично е забележан минатата недела од пилот кој управувал со хеликоптер, придружуван со уште неколку лица. Тимот летал во пределот со цел прибирање точна бројка на овци со големи рогови за годишниот државен извештај, пишува британски Гардијан.

Штом го забележале мистериозниот монолит, веднаш се сетиле на култниот филм 2001: Одисеја на Стенли Кјубрик, но признаваат дека низ глава им поминале мисли дека можеби станува збор за дело на вонземјани.

Ова е најчудното нешто со кое досега сум се сретнал сите овие години летајќи над земјата! Еден од биолозите го забележа и веднаш прелетавме над огромната плочка. Беше запрепастен, ми рече -чекај, чекај, сврти се, сврти се!- по што го прашав зачудено, што се случи?, а тој ми одговори – видов нешто доле, мора да видиме што е!“, изјавил пилотот, а пренесе Гардијан.

Прочитајте и...  Игор Џамбазов се прости од Упа: „Каде пријателе мој? Ни поздрав, ни порака, ни средба, ништо... “
Објектот висок 3,6 метри е поставен во почвата во тешко достапна област / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Инаку, светот го асоцира овој мистериозен монолит со култниот филм од режисерот Стенли Кјубрик од 1968 година поради легендарната сцена со која започнува филмот, кога група мајмуни се среќава со огромна метална плочка.

Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Како што пишува Гардијан, кога тимот во хеликоптерот ја здогледал плочката, тие се почувствувале како во истоимената сцена, зачудени се удирале по рамињата дали сите го гледаат истиот мистериозен монолит на земјата.

Станува збор за оваа сцена:

– Се шегувавме дека ако некој од нас наеднаш исчезне, другите би се обиделе да избегаат, изјави на крај пилотот.

Ова не е првпат монолит да ја изненади јавноста, откако се рашири веста, мистериозниот монолит се споредува со скулптурите на уметникот Џон Мекрекен, кој живееше во Њу Мексико и Њукјорк се до неговата смрт во 2011. Давид Звирнер, во чија галерија се наоѓаат делата на Мекрекен не одговрил веднаш на повиците од медиумите за коментар.

Прочитајте и...  ФОТО | Малку задрема: Лордес Леон, најстарата ќерка на Мадона, фотографирана како се вози во метрото во Њујорк!

Поврзани вести

ФОТО | Хит на социјалните мрежи: Некој од Град Скопје одлучил да го фотошопира Берни Сандерс на скопските клупи

СП.

Тие би избегнале да платат било што: Ова се најголемите скржавци во зодијакот!

Слободен Печат

ФОТО | Имот кој зрачи со елеганција во бохо стилот според вкусот на неговата сопруга: Славниот Меј Дејмон ја продава својата луксузна вила за 21 милион долари

Слободен печат

ФОТО | Трендот продолжува: Во бикини на снег, Јелена Карлеуша, Теа, Сандра Африка, Кристина и Аделина!

М.Р

Пејачката го почести фановите за 30-годишнината од кариерата: Мараја Кери штотуку објави нов ремикс албум!

Слободен печат

ФОТО | Враќање во седумдесеттите: Капутот од овчо крзно е хит број 1 оваа зима!

Слободен печат

Остави Коментар