ВИДЕО | „Ова е неверојатно“: Американските власти зачудени откако среде пустина пронајдоа мистериозен монолит

Огромна, метална плочка го украде вниманието на милиони луѓе ширум светот денес, кои шпекулираат како таква структура се нашла сред пустината во јужниот дел од американската држава Јута.

Објектот првично е забележан минатата недела од пилот кој управувал со хеликоптер, придружуван со уште неколку лица. Тимот летал во пределот со цел прибирање точна бројка на овци со големи рогови за годишниот државен извештај, пишува британски Гардијан.

Фотографии од мистериозниот монолит кои ги објави Одделот за јавна безбедност на Јута, САД / 24 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Штом го забележале мистериозниот монолит, веднаш се сетиле на култниот филм 2001: Одисеја на Стенли Кјубрик, но признаваат дека низ глава им поминале мисли дека можеби станува збор за дело на вонземјани.

Пилотот Бред Хачингс имал можност да ја воочи огромната метална плоча одблизу и претпоставил дека најверојатно станува збор за уметничка инсталација.

Ова е најчудното нешто со кое досега сум се сретнал сите овие години летајќи над земјата! Еден од биолозите го забележа и веднаш прелетавме над огромната плочка. Беше запрепастен, ми рече -чекај, чекај, сврти се, сврти се!- по што го прашав зачудено, што се случи?, а тој ми одговори – видов нешто доле, мора да видиме што е!“, изјавил пилотот, пренесува Гардијан.

Објектот висок 3,6 метри е поставен во почвата во тешко достапна област / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Пилотот вели дека објектот изгледал како да е човечки дизајн и наликувал како да е потиснат подлабоко во земјата, а не како да е паднат од небо.

Инаку, тој го асоцира овој мистериозен монолит со култниот филм од режисерот Стенли Кјубрик од 1968 година поради легендарната сцена со која започнува филмот, кога група мајмуни се среќава со огромна метална плочка.

Како што пишува Гардијан, кога во хеликоптерот ја здогледале плочката, се почувствувале како во истоимената сцена, зачудени се удирале по рамињата дали сите го гледаат истиот мистериозен монолит на земјата.

Станува збор за оваа сцена:

– Се шегувавме дека ако некој од нас наеднаш исчезне, другите би се обиделе да избегаат, изјави на крај пилотот.

Ова не е првпат монолит да ја изненади јавноста, откако се рашири веста, мистериозниот монолит се споредува со скулптурите на уметникот Џон Мекрекен, кој живееше во Њу Мексико и Њукјорк се до неговата смрт во 2011. Давид Звирнер, во чија галерија се наоѓаат делата на Мекрекен не одговрил веднаш на повиците од медиумите за коментар.

Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Сепак, денеска за Гардијан потврдил дека овој мистериозен монолит не е дело на починатиот уметник Џон Мекрекен. Но, Звинер вели дека можеби станува збор за уметник кој сака да му оддаде почит на Џон.

Она што е сигурно е дека без авторизација, нелегално е да се поставуваат уметнички инсталации на простори во сопственост на државата, според правилата на Одделот за јавна безбедност на Јута: „Ова е вистина, безразлика од која планета сте“, велат оттаму во соопштение.

Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Од одделот за безбедност велат дека не планираат да ја објават точната локација на мистериозниот монолит за кој светот зборува денес.

„Се наоѓа во многу рурален предел и доколку индивуалци се обидат да го посетат местото каде се наоѓа монолитот, шансите да се заглават и да треба да бидат извлечени со хеликоптерска помош“, потенцираат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот