ВИДЕО: Миовски со гол и асистенција против шампионот на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски уште еднаш блесна во дресот на МТК/Фото: facebook.com/bojan.miovski

Денеска во 32 коло од најсилното унгарско првенство МТК триумфираше на гостувањето кај Ференцварош со 0:3.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапи од 58 минута придонесе со гол и асистенција во важните бодови за опстанок.

Најпрвин во 84 минута стрелаше за 0:2, а во самиот финиш од средбата (90+3`) асистираше до Футач (втор погодок) за поставување на конечниот епилог.

За Миовски ова беше осми гол во 30 настап сезонава за МТК во тамошното првенство. За гостите настапи и вториот наш репрезентативец Стефан Спировски од 71 минута.

За МТК остануваат шансите да остане во елитата на Унгарија, во последното коло МТК на домашен терен ќе го пречека Дебрецен, а Хонвед гостува кај Пушкаш Академи.

МТК е на претпоследната 11 позиција со 33 бодови, место кое води во понизок ранг, а Хонвед е засега сигурен во безбедната зона на 10 место со 35 бодови.

Голот на Миовски на 02:42 мин. од видео записот –

Асистенцијата на Миовски на 03:45 мин. од видео записот –

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот