Мики Рурк / Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Мики Рурк прави сè што е во негова моќ да се вратат 90.000 долари на луѓето кои донирале за него: „Го злоупотребија моето име“

Мики Рурк изјави дека треба да се вратат уште речиси 90.000 долари собрани преку „ГоуФандМи“ кампањата која, наводно, била започната за да не биде исфрлен од својот дом. Актерот претходно објави неколку пораки на Инстаграм, во кои изрази вознемиреност и истакна дека станува збор за измама, пренесува Ти-ем-зи.

Тој тврди дека кампањата била започната без негово знаење и дека некој го злоупотребил неговото име.

Според Рурк, на страницата на „ГоуФандМи“ биле собрани повеќе од 90.000 долари, а неговиот адвокат моментално прави сè што може за парите да им бидат вратени на луѓето кои донирале.

„Искрено, потребно е да се вратат повеќе од 90.000 долари на сите кои испратиле свои пари“, изјави тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY ROURKE (@mickey_rourke_)

Рурк претходно на Инстаграм напиша дека станува збор за сурова лага и измама направена со користење на неговото име, додавајќи дека ќе има сериозни последици за оние кои стојат зад тоа.

И покрај тоа што бил иселен од својот дом во Лос Анџелес, Мики Рурк одбил нови понуди за работа, наведувајќи дека тие се под неговото ниво и дека заслужува подобри професионални можности.

ФОТО | Мики Рурк непрепознатлив: На актерот му се заканува иселување од домот во Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот