Мики Рурк - Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

ФОТО | Мики Рурк непрепознатлив: На актерот му се заканува иселување од домот во Лос Анџелес

Американскиот актер Мики Рурк е фотографиран пред својот дом во Лос Анџелес, каде што го привлече вниманието на јавноста со својот непрепознатлив изглед, додека истовремено се соочува со можно иселување од домот поради голем долг за неплатена кирија.

Актерот бил забележан како излегува од куќата за да преземе достава на храна. Најпрво зел кеса со готова храна, а потоа и две хартиени кеси со намирници од продавница. Рурк, кој има 73 години, на фотографиите изгледа речиси непрепознатливо со избричена глава и необично модно издание.

Носел шарен џемпер со пруги, виолетови тренерки и бели чорапи, а околу вратот имал бисерна огрлица со крст и марама со точки.

Неодамна, американските медиуми објавија дека Рурк му се заканува иселување од домот во Лос Анџелес поради долг, како што се наведува во судските документи, од речиси 60.000 долари поради неплатена кирија. Според пријавата, на 18 декември му бил доставен тридневен налог да го плати долгот или да ја напушти недвижноста.

Наводно, месечната кирија изнесува 7.000 долари, а вкупниот долг во моментот на издавање на известувањето изнесувал 59.100 долари. Известувањето било оставено на имотот и испратено по пошта, бидејќи во куќата, како што се наведува, не била затекната „лица со соодветна возраст и разум“.

Инаку, Мики Рурк се прослави во Холивуд во текот на 1980-тите години со улоги во филмовите “Heaven’s Gate“, „Body Heat“, „Diner“ и „The Wrestler“. Статусот на мрачен и харизматичен главен актер го стекна со филмовите „9½ Weeks“, „Angel Heart“, „Barfly“ и „The Pope of Greenwich Village“.

На почетокот на 1990-тите ја напушти глумата за да се посвети на професионален бокс, но во 2008 година се врати на голема врата со улогата на пропаднат борач во филмот „The Wrestler“, за која освои Златен глобус и беше номиниран за Оскар.

Во април 2025 година се појави и во емисијата „Celebrity Big Brother UK“, но беше исфрлен од шоуто поради, како што наведоа продуцентите, „заканувачко и агресивно однесување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот