Фото: EPA/NEIL HALL

ВИДЕО | Манчестер сити го освои ФА Купот, мајсторски погодок на Семењо против Челси

Со голот на Антуан Семењо во 71 минута, фудбалерите на Манчестер сити славеа со 1:0 над Челси за осми трофеј во ФА Купот.

По асистенцијата на Ерлинг Халанд, убаво, мајсторски со пета реагираше Семењо за голема радост кај навивачите на Манчестер сити на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Натпреварот не донесе многу возбудувања, Сити се закануваше преку Халанд на едната страна, а Жоао Педро на другата во текот на првото полувреме.

Сити беше нешто подобар ривал во вториот дел од мечот, а потоа следуваше магијата на репрезентативецот на Гана, Семењо, што се покажа како клучно за крајниот епилог.

До крајот на натпреварот, Челси се обидуваше на секој начин да израмни, но „Граѓаните“ не дозволија ниту еднаш да биде затресена нивната мрежа.

Тоа беше 20 трофеј на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити. Клубот од „Етихад“ оваа сезона дојде и до пехарот во Лига Купот, а има шанса и да се најде на тронот во Премиер лигата, бидејќи на две кола до крајот, заостанува само два бода зад лидерот Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот