ВИДЕО: Манчестер сити „гази“ шампионски, Халанд поставува нови рекорди во Премиер лигата

Ерлинг Халанд („Манчестер сити“) ја продолжи гол серијата во Премиер лигата/Вулверхемптон/ Британија/17 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Манчестер сити ја забележа и петтата победа оваа сезона во Премиер лигата откако денеска на гостински терен со 0:3 го совлада Вулверхемптон.

Првиот гол на „граѓаните“ беше дело на Грилиш кој стрелаше во првата минута, а предноста ја зголеми Халанд во 16 минута од средбата.

Норвежанецот кој продолжува со одличните игри, стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол на секое од неговите први четири гостувања во ова натпреварување. Халанд зацврсти како водечки во листата на стрелците со 11 голови. Тоа му беше и 100 погодок на 99 мечеви откако во јануари 2020 го напушти Салцбург.

Проблемите за домаќините беа уште поголеми кога во 33 минута поради црвениот картон на Колинс во 33 минута.

И Де Брујне на овој меч имаше блескава партија, освен на првиот, беше асистент и на третиот погодок на Сити, а стрелец во 69 минута беше Фоден.

Белгискиот репрезентативец директно учествувал во 150 премиерлигашки голови (58 голови, 92 асистенции) во само 217 настапи во Премиер лигата. Во сите натпреварувања оваа сезона има осум асистенции.

Составот на Пеп Гвардиола е водечки на табелата со 17 бодови, додека Вулверхемптон после третиот пораз е на 16 позиција со шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот