ВИДЕО: Манчестер јунајтед без Роналдо ја елиминираше Астон Вила од ФА купот

„Црвените ѓаволи“ со голот на Скот МекТоминеј се пласираа во 1/16 финалето на ФА купот/Манчестер, Велика Британија/10 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Манчестер јунајтед успеа вечерва да се пласираше во 1/16 финалето на ФА купот откако со 1:0 ја совлада екипата на Астон Вила.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник за овој натпревар се одлучи во составот да не го повика Кристијано Роналдо, како и Џејдон Санчо, но нивното отсуство не влијаеше премногу врз играта на неговите играчи.

Единствениот гол беше реализиран уште во осмата минута, Фред центрираше, а МекТоминеј со глава стрелаше во противничката мрежа. Астон Вила можеше да израмни во 30 минута од средбата на стадионот „Олд Трафорд“, но ударот на Воткинс заврши во пречката.

На стартот од второто полувреме составот на Стивен Џерард постигна гол, но истиот после ВАР снимката беше поништен поради офсајд. Воткинс уште еднаш се најде во центарот на вниманието, го совлада Де Геа, но и неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Овие две екипи повторно ќе се сретнат за пет дена овојпат во рамките од 22 коло во Премиер лигата на „Вила Парк“.

ФА Куп

4. коло, двојки

Кристал палас – Хартлпул јунајтед
Борнмут – Борехам вуд
Хадерсфилд таун – Барнсли
Питерборо јунајтед – Квинс парк ренџерс
Кембриџ јунајтед – Лутон таун
Саутемптон – Ковентри сити
Челси – Плимут аргајл
Евертон – Брентфорд
Кидерминстер херирс – Вест хем јунајтед
Манчестер јунајтед – Мидлзбро
Тотенхем – Брајтон & Хов албион
Ливерпул – Кардиф сити
Стоук сити – Виган атлетик
Нотингем форест – Лестер сити
Манчестер сити – Фулам
Вулверхемптон – Норич сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот